Марадона призна уште три деца: Аргентинецот сега има осум потомци!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона призна дека е татко на уште три деца на Куба, а тоа го соопшти неговиот адвокат.

Неговиот адвокат кажа дека разговарал со децата на легендарниот фудбалер, кои се родени од две различни мајки.

Покрај тие три деца, Марадона има уште пет потомци. Иако не се законски признаени, сепак тоа планира да го направи наскоро.

Марадона мора да се појави на судот во Куба, а тоа го потврди и неговиот агент, па се очекува известување за јавноста, откако ќе се завршат формалностите.

Аргентинецот е повторно во центар на внимание, откако во претходниот период имаше здравствени проблеми, кои ги доби поради користење на дрога, па мораше да има и операција.