Маракана распродадена, Арсенал пристигнува во пеколот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Црвена Ѕвезда утре (четврток) ќе одигра натпревар против Арсенал во 3. коло во групата Х во Лига Европа, а натпреварот ќе биде вистински спектакл.

Она што е најзанимливо, е дека откако официјално се потврди натпреварот со Арсенал целиот стадион се распродаде за само 48 часа.

„52.000 карти се продадени и офицјлано нема карти за продажба. Тоа е уште една потврда дека утре се очекува вистински фудбалски спектакл“, соопштија на официјалната страница на ФК Црвена Ѕвезда.

Натпреварот е со почеток од 19.00 часот.