Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Енди Мареј во првото ½-финале на завршниот турнир во Лондон, во три сетови го победи Милош Раониќ со 5:7, 7:6 и 7:6.
Во првите 10 гејмови во првиот сет немаше брејкови, но во 11-от гејм Раониќ успеа да му го одземе сервисот на Мареј и успеа да го освои првиот сет.
По еден брејк на двете страни во вториот сет, а во тај-брејкот Мареј заслужено стигнува до израмнување во сетови.
Во последните 4 гејмови од 3-от сет имаше дури 4 брејкови, Мареј сервираше за победа и финале при 6:5, но Раониќ успеа да му го одземе повторно сервисот и да го однесе натпреварот во многу неизвесен тај-брејк кој на крајот му припадна на Мареј.
Во второто полуфинале вечерва играат Кеи Нишикори и Новак Ѓоковиќ.