„Марка“: Одбраната на Реал во хаос, Рамос го пропушта „Ел Класико“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Марка“ пишува дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос најверојатно нема да настапи на вечерашното „Ел Класико“ поради повреда.

Одбранбениот фудбалер на „кралевите“ би можел да го пропушти мечот против Барселона по последиците со судирот со соиграчот Касемиро во средата за време на реваншот од полуфиналето во шпанскиот куп против Каталонците (0-3).

Поради тој судир Рамос има проблем со коленото и медицинскиот тим неколку часа пред вечерашниот меч ќе реши дали Шпанецот ќе игра.

Рамос за време на мечот во средата доби медицинска помош за да го заврши дуелот, но тоа не му помогна на Реал против Кталонците.

Што се однесува до Сантијаго Солари, тој е во лоша ситуација. Не може да смета на Начо, кој е повреде, а суспендиран е и Рафаел Варан.

„Ел Класико“ се игра денеска од 20.45 часот на „Сантијаго бернабеу“.