Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанска „Марка“ пишува дека Кристијано Роналдо летово ќе замине од „кралскиот клуб“, откако успеал да се договори со управата да му биде намалена откупната клаузула.
Роналдо ја почна лошо сезоната во Примера, но потоа заигра многу подобро и стигна до третата по ред титула во Лигата на шампиони, која ја освоија со триумфот против Ливерпул во финалето.
Сепак, Португалецот по финалето кажа дека постои можност да си замине од екипата, а тоа го вклучи алармот кај многу екипи.
„Марка“ пишува дека, наводно, Роналдо повеќе не вреди милијарда евра, туку неговата откупна клаузула е намалена на само 120 милиони евра.
Клаузулата нема да важи за шпанските екипи, ниту за ПСЖ, туку таа ќе биде за останатите тимови, па тука ја гледа својата шанса Манчестер јунајтед, кој би можел да го купи Португалецот и да го врати на „Олд Трафорд“.