Маркизио ќе заработува богатство во Зенит!

Екипата на Зенит го ангажираше Клаудио Маркизио на слободен трансфер, откако играчот претходно се раздели од Јувентус.

Маркизио, кој играше цела своја кариера во Јувентус, немаше повеќе место и мораше да замине, а сега е еден од најплатените играчи во рускиот клуб.

Платата која е договорена со Зенит изнесува шест милиони евра по сезона, но се очекуваат и дополнителни бонуси за Маркизио.