Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Дефанзивецот на Реал, Марсело изјави дека го живее еден од најтешките периоди откако пристигнал во „кралскиот клуб“.
Реал беше поразен од Виљареал со 1:0, па во моментов имаат 16 бодови помалку од Барселона.
„Ова е една од најтешките ситуации. Се обидуваме да играме добар фудбал, да постигнуваме голови, но голови нема“, вели Марсело.
Реал е сега само еден бод над Виљареал, кој никогаш не победил на „Сантијаго Бернабеу“. Шампионот на Шпанија има десет бодови помалку од Атлетико, а осум помалку од Валенсија.
„Знам како изгледа ситуацијата. Тажни сме, лути и чувствуваме дека тонеме“, додава дефанзивецот на Реал Мадрид.