Марсијал ги стопирал преговорите со Јунајтед поради една причина


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот медиум „Сан“ пренесува дека Ентони Марсијал ги стопирал преговорите со Манчестер Јунајтед околу новиот договор се додека не дознае што ќе се случува со Жозе Мурињо.

Французинот има само еден настап за Јунајтед оваа сезона и веќе долго време се зборува за негово заминување од клубот.

Јасно е дека постои несогласување помеѓу него и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо кој воопшто не смета на крилниот фудбалер. Во корист на Марсијал не му оди ни стилот на игра што го негува Португалецот.