Марсијал дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед ќе му дозволат на 22 годишниот Французин, Ентони Марсијал да го напушти клубот ова лето.

За него сериозен интерес постои од редовите на Јувентус, а според некои шпекулации за Марсијал се распрашувал и тимот на Арсенал.

Крилниот фудбалер кој имаше феноменална прва сезона под водство на Луи Ван Гал по пристигнувањето на Санчез сосема го изгуби местото во тимот, па сега шанса за редовен фудбал ќе бара на друго место.