Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“ од таборот на Севилја се сериозно заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.
„Марка“ пишува дека клубот од Андалузија има потреба од играч кој покрива во сите линии во офанзивата, а Марсијал според нив наводно бил перфектно решение за таа позиција.
Сепак, Севилја би била во можност само да испрати понуда за позајмица до Манчестер Јунајтед, нешто што од таборот на „ѓаволите“ нема да го прифатат.
Инаку, Жозе Мурињо притиска за продажба на Французинот, но челните лица на клубот одбиваат да го продадат фудбалерот кој блесна во првата сезона во Манчестер Јунајтед.