Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Скај Спортс Италија“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде шпанскиот интернационалец, Хуан Мата.
Новинарот на овој медиум, Џанлука Ди Марцио пренесува дека за Шпанецот сериозен интерес има од Интер, а од Манчестер Јунајтед биле отворени за негова продажба.
Мата беше редовен на претсезонските подготовки на Манчестер Јунајтед, но се очекува да го изгуби стартното место во првиот тим по враќањето на Маркус Рашфорд и Џеси Лингард во тимот.
Хуан Мата е еден од милениците на фановите на Манчестер Јунајтед поради неговото залагање на теренот.