Матје ја напушта Барселона и потпишува за Спортинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одбранбениот играч на Барселона Жереми Матје постигнал договор со Спортинг Лисабон, според португалскиот весник „О Јого“.

Според весникот францускиот интернационалец веќе бил во главниот град на Португалија каде го финализирал договорот со Спортинг Лисабон.

Покрај Спортинг, интерес за Матје имало и од Олимпијакос и од Фенербахче, но сепак понудата на Португалците била многу попримамлива.