Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличен натпревар беше виден денес во ¼-финалето на Мајами Опен помеѓу Халеп и Конта.
Натпреварот започна одлично за Халеп која ја искористи својата прва брејк топка во првиот сет за водство од 3:1 и потоа со сигурен сервис стигна до 6:3.
Вториот сет започна подобро за Конта која имаше водство од 3:0 во еден момент, но потоа Халеп врати со 2 брејкови и стигна до 5:4 и сервираше за победа, но Конта се врати со брејк во следниот гејм и во тај-брејк беше подобра со 9:7.
Третиот сет помина целосно во доминација на Конта која со брејк во 5-от и 7-от гејм успеа да стигне до 6:2 и победа во натпреварот.
Во ½-финале ќе се бори против подобрата од дуелот помеѓу Кербер и Вилијамс.