Мајсторе, нека е со среќа! Мбапе слави роденден, навивачите се шегуваат (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе денеска слави роденден, а тоа стана главна тема на фановите на социјалните мрежи.

Поради тоа што Мбапе „цела вечност“ е тинејџер, многумина решија да се пошегуваат на негова сметка за 20. роденден. Фановите на Мбапе му честитаа, но не сакаа да го прифатат фактот дека нивниот миленик не е повеќе тинејџер.

„Среќен роденден, но за нас засекогаш ќе останеш 19-годишно момче“, пишуваат фановите.

Во секој случај, Мбапе е навистина успешен за негови години. Тој има освоено Светско првенство, две титули во Лига 1, Европското првенство до 19 години, Лига куп во Франција, двапати во тимот на годината во Лига 1, „Златно момче“, најдобар млад фудбалер на Светското првенство, член на иделаниот тим на Светското првенство, прв тинејџер во ФИФПро 11, освојувач на КОПА трофејот.