Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Актуелниот англиски првак Челси со 1:0 славеше против Саутемптон во натпревар од 18. коло од англиската Премиер лига.
Одличен натпревар со многу прилики на двете страни виден е на „Стемфорд Бриџ“ кој на крајот за жал заврши само со еден постигнат погодок.
Единствениот гол е постигнат во последните секунди од првото полувреме кога Маркос Алонсо од слободен удар прекрасно го совлада Форстер.
Арсенал на „Емирати“ со 1:0 славеше против Њукасл кој по овој пораз падна во опасната зона. И овој натпревар беше одлучен со прекрасен гол кој го постигна Месут Озил во 23. минута.
Најмногу голови паднаа на натпреварот Вотфорд- Хадерсфилд кој гостите неочекувано лесно го добија со 1:4.
Резултати 18 коло
Арсенал- Њукасл 1:0
Брајтон- Барнли 0:0
Челси- Саутемптон 1:0
Вотфорд- Хадерсфилд 1:4
Стоук- Вест Хем 0:3