МекГрегор и УФЦ повеќе нема да може да го игнорираат: Човекот нема пораз и сака да се бори со Ирецот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Непоразениот УФЦ борец во лесна категорија, Кабиб Нурмагомедов не се откажува од тоа да се бори за титула против Конор МекГрегор, а по тој повод му испрати директна порака преку друштвените мрежи.

    Кабиб е руски борец со скор од 24-0, а води кампања за да се обиде да ја освои титулата. Го бараше тоа и од Вајт по победата против Џонсон на УФЦ 205.

    МекГрегор(21-3) моментално делува незаинтересирано за нивен дуел. Набрзо по победата против Еди Алварез, тој покажа загриженост поради неговата способност да остане здрав. Нурмагомедов пропушти голем дел од 2015 поради различни повреди.

    Во среда Нурмагомедов објави слика од пораката која му ја испратил на МекГрегор преку Твитер, а тој имаше напишано:

    „Ако секој пат бегаш кога ќе се погледнеш во огледало, нема да се почитуваш, твоите деца нема да те почитуваат, твоите пријатели и твојата фамилија исто така.“

    На сликата не се гледа дали МекГрегор одговорил, но Нурмагомедов во својата објава кажа дека тој не го сторил тоа. Во исто време додека Русинот инсистира на нивна борба, Ирецот во среда објави дека нема конкуренција.

    МекГрегор во УФЦ 205 влезе во историјата како прв борец кој во исто време ги има и двата појаси. Вајт изјави дека МекГрегор можеби ќе мора да остави една од титулите, но тоа не се случи додека Нурмагомедов се заканува со излегување од УФЦ ако не се случи нивната борба.