МекГрегор паузира половина година: Причината по малку и неразбирлива


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    МекГрегор нема да се бори до средината на 2017-та година. Оваа информација ја поврди претседателот на УФЦ, Ден Вајт.

    „Конор сигурно нема да се бори пред мај. Неговата девојка Ди поминува низ голем стрес секогаш кога тој се бори. Сега сака да и посвети малку внимание. Тој е добра личност, а треба и да земе малку време за одмор. Се бори без одмор и ништо нема лошо во тоа да се одмори.“

    Борецот од Ирска минатата недела го победи Еди Алварез во УФЦ 205 и така стана првиот борец кој во исто време има појас во двете различни категории.

    Сепак, Мекгрегор сеуште не го бранеше појасот во перо-лесна категорија, а по оваа одлука сигурно ќе се искомплицира ситуацијата во категоријата до 70 килограми.