Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Техничкиот директор на Мерцедес, Лоу изјави дека ниту Розберг, ниту Хамилтон немале проблеми со сопирачките во текот на трката во Сингапур.
Розберг, кој успеа да победи на таа трка, на почетокот на трката доби инструкции да внимава на сопирачките, а потоа му беше кажано „Ситуацијата е сериозна Нико, мора да внимаваме на сопирачките.“
Хамилтон исто така мораше да внимава до последниот дел од трката, кога му беше дозволена поголема слобода за да се одбрани од нападот на Раиконен.
„Немаа никакви проблеми со сопирачките, тоа беше само мерка за внимателност. Најбрзиот болид кој можеме да го создадеме не им дозволува на возачите да кочат до крај во секој круг, па така тие мораат да внимаваат на сопирачките, исто како и на пневматиците и горивото.“
„Не можете да возите квалификациски кругови во текот на цела трка. Повторно, не можете да го направите тоа и поради пневматик. На некои патеки, како што е Сингапур, проблемите со сопирачките се доминантни.“, изјави Лоу.
Благодарение на победата и 3-то место на Хамилтон, Розберг го премина него во генералниот пласман и има 8 бодови повеќе од Хамилтон.
Наредната трка се вози на 2-ри октомври за ГН на Малезија.