„Меси знаеше и претходно да исчезне од теренот“

Легендарниот француски фудбалер Емануел Пети кажа дека Лионел Меси нема исти квалитети како Кристијано Роналдо.

Меси во првото коло на Мундијалот промаши пенал во мечот против Исланд (1-1), а потоа беше „невидлив“ во мечот против Хрватска (3-0), додека Роналдо постигна четири гола во два натпревари на Португалија.

„Меси не е предводник и не е како Роналдо. Меси е еден од најдобрите фудбалери во историјата, но потребно е да го покаже повеќе квалитетот. Мора да се разбуди. Кога работите одат добро во Барселона, тој е фантастичен играч, но видовме дека и во Лигата на шампиони може да исчезне од теренот, кога работите не одат како што треба. Меси не трча, туку оди и не се грижи каде е топката“, кажа Пети.

Во третото коло Аргентина мора да ја победи Нигерија и да се надева дека Хрватска нема да загуби од Исланд.