„Меси и Нејмар повторно заедно? Би сакал тоа да се случи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси призна дека соблекувалната на „Камп ноу“ го чека Нејмар да се врати во клубот.

Нејмар во 2017 година се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула, во не толку пријателски односи со управата на каталонскиот клуб.

„Би сакале да се врати, тој е одличен на теренот и во соблекувалната. Ние сме добри пријатели, поминавме многу убави моменти. Сепак, комплицирано е… тешко дека ќе го напушти Париз, клубот не го пушта. Често слушам Меси и Нејмар ќе играат повторно заедно? Па, јас искрено би сакал да се случи тоа“, кажал Меси за „Марка“.

Нејмар четири сезони помина во Барселона и освои две титули во Ла Лига и Лигата на шампиони, па беше дел од ударното трио со Меси и Луис Суаре.

Сега ПСЖ има проблеми со Финансискиот фер-плеј и постои можност да се откаже од Нејмар или Килијан Мбапе.