„Меси може да освои три Мундијали, но никогаш нема да може да се спореди со Марадона!“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, Давид Абрахам верува дека ниту една светска титула нема да се спореди со таа на Диего Марадона и Аргентина од 1986 година.

Абрахам беше член на селекцијата до 20 години на Аргентина, но никогаш не заигра во сениорска конкуренција, па смета дека Меси нема да може да се спореди со Марадона.

„Меси може да освои три Мундијали со Аргентина, но тоа нема да има тежина како трофејот на Марадона од 1986 година. Тоа не може да се спореди со никого. Тогаш Аргентина се рехабилилитираше по војната против Англија, а Марадона им даде два гола на Англичаните во четвртфиналето и ја носеше Аргентина до титулата“, вели Абрахам.

Исто така, ја искористи шансата и да ја пофали ѕвездата на Барселона за која вели дека е добар човек.

„Меси е мирен и срамежлив тип. Никогаш не сакаше да биде во центар на внимание. Сака да игра Плејстејшн како и сите останати“, порача Абрахам.