Меси нема шанси со него: Кристијано Роналдо е крал на ЛШ, а еве и зошто!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Кристијано Роналдо е едноставно доктор за ЛШ, а тоа го докажа и во мечот против ПСЖ, кога постигна гол за водство, а потоа му асистираше на Касемиро за конечни 1-2.

Португалецот постави нов, девети рекорд во ЛШ, затоа што постигнува гол на секој меч оваа сезона, а на осум натпревари постигна 12 голови, пет повеќе од Кавани и Фирмино.

Роналдо ги има следниве десет рекорди во ЛШ

Најмногу голови – 117
Најмногу голови во ¼-финале – 4
Најмногу голови на домашен терен – 60
Најмногу голови на гостински терен – 53
Најмногу голови од слободни удари – 12
Најмногу голови со глава – 19
Најмногу голови од пенал – 14
Најмногу голови во една сезона во ЛШ (2013/14) – 17
Најмногу голови во групната фаза во една сезона (2015/16) – 11
Најмногу трофеи во овој формат на ЛШ од 1992 година – 4