Меси се враќа во составот на Аргентина, меѓу „Гаучосите“ и Лаутаро и Дибала, фали едно големо име


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лео Меси и официјално се враќа во националниот тим на Аргентина. Селекторот на „Гаучосите“ Лионел Скалони денес го објави списокот на играчи со кои ќе се спротивстави на Венецуела на 23 март.

Во списокот нема поголеми изненадувања, а освен Меси нападот ќе го предводат Пауло Дибала и Лаутаро Мартинез, додека во тимот ќе го нема Мауро Икарди кој се уште не е закрепнат од повредата на коленото.

Единствено нешто кое паѓа во очи е тоа што во тимот го нема голманот на Манчестер Јунајтед, Серхио Ромеро кој беше редовен меѓу стативите на Аргентина.

Ова е комплетниот список на играчи кои ги повика Скалони за средбата со Венецуела:

Голмани: Аугустин Марчесин, Хуан Мусо, Естебан Андрада, Франко Армани

Одбрана: Герман Пецела, Габриел Меркадо, Хуан ФОјт, Николас Отаменди, Валтер Канерман, Николас Таљифико, Марко Акуња, Гонзало Монтиел, Ренцо Саравиа, Лисандро Мартинез

Среден ред: Леандро Паредес, Гуидо Родригез, Џовани Ло Целсо, Мануел Ланцини, Роберто Переира, Анхел Ди Мариа, Матиас Зарачо, Иван Марконе, Доминго Бланко, Родриго Де Пау

Напад: Лионел Меси, Гонзало Мартинез, Пауло Дибала, Анхел Кореа, Лаутаро Мартинез, Дарио Бенедето, Матиас Суарез.