До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека ги придобил тие кои се сомневаа во неговата прва сезона меѓу Црвените.
На осми октомври ќе навршат година дена како германскиот стручнак е на клупата на славниот клуб од Енфилд и вели дека за тоа време многу научи.
„Година дена сум постар и сите тие сра*а, но се е добро – не е совршено, но е добро. За тоа што се надевавме, и за тоа што и зборувавме. Имаше сомневања, имаше многу гласини во врска со мене. Луѓето зборуваа дека бев добар тренер во Дортмунд, но дека германскиот начин не функционира овде, таквите работи…Сега ситуацијата е подобра во таква смисла“, рече 49-годишниот германски стручнак.
„Работата е во тоа што не сум овде на година, се надевам дека овде сум долгорочно, а тоа значи дека треба да ги искористиме сите информации кои ги собравме досега и нешто да научиме. Такквиот живот функционира – собираш искуство и учиш од нив со цел да бидеш спремен за наредниот предизвик“, додаде Клоп.
Ливерпул победи на пет натпревари по ред во сите натпреварувања, во последното коло од Премиер лига совладан е Свонси со 2:1.
„Ми се допадна клубот и пред што дојдов, но толку е подруго кога сте внатре. Пред клубот е уште доста работа – не е работа во уживањето во историјата, туку во тоа да бидеме нејзин дел“, заклучи Клоп.
Ливерпул има два бода помалку од првопласираниот Сити, а на 17 октомври го дочекува Манчестер Јунајтед во осмото коло.















