„Ми треба одмор!“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Серена Вилијамс донесе одлука. По неуспехот во УС Опен и губењето на првото место на ВТА листата, одлучи да земе одмор.

    Поточно, во наредниот период, ќе пропушти неколку турнири во Кина.

    Серена најави и во текот на манифестацијата на отворањето на тениската академија, на нејзиниот тренер Муратоглу, организирана од  Ѓоковиќ, дека и треба одмор.

    „Нема да играм до последниот турнир на мастерс серијата кој се игра во Сепанг. Направив детални лекарски прегледи и експерти сметаат дека ми треба одмор за да се вратам во форма. Исто така се чувствувам и јас.“

    Ѓоковиќ и Серена беа главни фаворити на УС Опен, но нив ги освоија Вавринка и Кербер.

    „На секој организам му е потребен одмор. Ѓоковиќ и јас не сме вонземјани. И нас, исто така, не мачат повреди и приватни проблеми. Помладите генерации имаат голем мотив кога играат против нас и тоа е нормално. Секој има желба да го сруши тој кој во тој момент е најдобар на планетата.“