Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од редовите на Милан во летниот преоден рок со сите сили ќе тргнат по услугите на Андреа Белоти од Торино.
„Росонерите“ и минатата сезона се поврзуваа со трансфер на Белоти, но тогаш италијанскиот репрезентативец се одлучи да остане во Торино.
Џенаро Гатузо кој веројатно ќе добие нов договор од клубот по фантастичните резултати под негово водство, а негова прва задача во летниот преоден рок е да пронајде замена за Никола Калиниќ кој ни од далеку не ги оправда очекувањата и веројатно ќе биде продаден во летото.
Изборот паднал на Андреа Белоти, а него во Торино би требало да го замени македонскиот интернационалец Илија Несторовски.