Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Миливојевиќ е еден од најстандардните и најдобрите играчи на Олимпијакос веќе подолго време.
Тој е меѓу најдобро оценетите фудбалери на црвено-белите, а во претходните преодни периоди се споменуваа неколку клубови.
Долго време го бркаше Фенербахче за време на тренерскиот мандат на Переира, а минатото лето се споменуваше и Зенит, кој во Миливојевиќ гледаше замена за Витсел.
Тој на почетокот на сезоната продолжи со добрите игри, а тоа привлече големо внимание.
Медиумите пишуваат дека на натпреварот помеѓу Олимпијакос и Астана присуствувале „ловци“ на 5 клубови од силни лиги.
„Ловци“ по Миливојевиќ испратија Милан, Зенит, Бордо, Нант и Монако.
Се наведува дека Зенит е многу сериозен и дека во јануари ќе се обиде да го донесе во тимот. Исто така „загреан“ е и Милан кој бара засилување на оваа позиција по тешката повреда на Монтоливо.