Милан не запира, го купува Рафиња од Барселона


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дефинитивно Милан е тимот кој најмногу  ги засили своите редови од сите екипи во најсилните лиги во Европа.

Миланезите досега донесоа 11 засилувања и не планираат да застанат тука.

Според еминентниот спортски новинар Џанлука Ди Марцио, следен на листата на трансфер желби на Милан е играчот на Барселона, Рафиња.

Рафиња не е во прв план кај Валверде, а Милан ќе се обиде да го донесе најпрво на позајмица, а потоа доколку ги докаже своите квалитети трансферот да го направи перманентен.