Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан ќе се бори со Јувентус и ПСЖ за потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој уште не го напушти клубот од Рим.
Сите понуди досега за него беа одбиени од претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, но наводно денеска ќе пристигне уште еден интересна понуда до Рим, а овојпат таа ќе биде од „росонерите“.
Милан има интересен предлог за Лацио, поточно 40 милиони евра за позајмица на Милинковиќ-Савиќ и уште 80 милиони за да го откупат догодина.
Медиумите пишуваат дека Лотито размислува за понудата, но постои голема можност да ја одбие бидејќи не сака да го продаде својот најдобар фудбалер.
Дали ќе се случи тоа или Савиќ конечно ќе замине од Рим, најверојатно ќе дознаеме за два дена, кога завршува преодниот рок во Италија.