Милан пазари во Лондон


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во Милан сакаат да го прекинат кошмарот кој им се случува оваа сезона па овој јануари ќе се насочат кон купување на нови фудбалери.

Како што пишуваат медиумите играчот на Тотенхем, Муса Дембеле е на мета на „Росонерите“. Белгиецот е важен играч за Тотенхем, но од редовите на Милан се подготвени да го донесат во своите редови, а за таа цел нема да штедат пари.

И покрај тоа што има доверба од тренерот Покетино, „Кориере дело спорт“ пишува дека Тотенхем би прифатил понуда која би била задоволувачка во овој јануари.

Милан има уште неколку желби, но Дембеле ќе биде примарна опција за зимскиот преоден рок. Останува да видиме дали „Росонерите“ ќе му понудат услови поради кои искусниот играч би го напуштил Лондон.