Милан успеа да слави во одличниот натпревар против Сампдорија (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Одличен натпревар видовме на „Сан Сиро“ во кој Милан со 3:2 славеше против екипата на Сампдорија.

Домаќините повторно влегоа во натпреварот и во 17. минута преку Кутроне стигнаа до водство од 1:0, но радоста на домашните навивачи траеше многуи кратко.

Само четири минути подоцна Сампдорија изедначи, а стрелец на погодокот беше Сапонара. Во 31. минута следеше целосен пресврт, а овој пат Кваљарела погоди за водство од 2:1.

Пет минути подоцна Гонзало Игуаин го израмни резултатот, а асистент на голот беше младиот Кутроне.

Со овој резултат се замина на одмор, а „Росонерите“ во 62. минута стигнаа до нов гол кој им донесе три бода. Стрелец на истиот беше шпанскиот репрезентативец, Сусо.