Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан фуриозно тргна во Лигата на Европа откако со високи 5:1 славеше на гостувањето кај Австрија Виена.
Последното засилување за Милан, Никола Калиниќ за прв пат се најде во почетната постава на италијанскиот великан и има големи заслуги за првиот гол. Калиниќ ја украде топката на центарот и повлече една контра и асистираше на Чалханоглу, а Турчинот откосо погоди за 1:0 уште во седмата минута. По само три минути Андре Силва зголеми на 2:0, а веќе во 20 минут аи на 3:0. За двата гола асистент беше стрелецот на првиот гол Чалханоглу. Борковиќ во 47. минута го намали резултатот, но Андре Силва со својот трет гол на натпреварот по само девет минути зголеми на 4:1. Конечниот резултат го постави Сусо по само една минута откако влезе во игра на местото на Кеси.
Екипата на Риека забележа пораз од 2:1 на домашен терен од грчкиот претставник АЕК. Манталос во 16. минута од натпреварот погоди за 1:0 за гостинскиот тим. На 1:1 изедначи Елез во 29. минута, а конечниот резултат го постави Кристодоулополус со фантастичен погодок од слободен удар.