Миралас си замина од Евертон


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Играчот на Евертон, Кевин Миралас следните шест месеци ќе го носи дресот на Олимпијакос откако двата клуба се договорија за негова позајмица.

Белгискиот интернационалец се пресели на „Гудисон парк“ токму од грчкиот клуб во 2012 година и од тогаш во 186 натпревари постигна 38 голови во дресот на „карамелите“.

30 годишниот крилен фудбалер оваа сезона не добиваше многу шанса во првиот тим на Евертон, а неговиот последен настап беше на почетокот на декември во натпреварот против Аполон Лимасол од Лигата на Европа.