Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Поранешниот шампион во Ф1, кој и понатаму оздравува од тешката несреќа на скијање, доби свој профил на друштвената мрежа Инстаграм.
Човекот кој многумина го сметаат за најголем возач во историјата веќе 3 години е надвор од очите на јавноста, па неговиот Инстаграм ќе послужи да се оживеат некои незаборавни моменти.
„Добродојдовте сите на профилот на Михаел. Сакаме да ги споделиме со вас спомените и не можеме да замислиме подобар почеток од потсетувањето на првата титула на Михаел.“
Неговиот профил може да го отворите тука.