Младата ѕвезда на Германија ја напушти репрезентацијата (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер сити, Лирој Сане минатата сезона беше фантастичен во дресот на „граѓаните“, па на крајот на сезоната беше прогласен за најдобар млад играч во Премиерлигата.

Се очекуваше да биде важен дел во репрезентацијата на Германија на Мундијалот во Русија, но Јоаким Лев имаше поинакво мислење.

Сане на крајот не беше повикан на конечниот список за Светското првенство во Русија, па мораше истото да го следи од дома.

На стартот на новата сезона во Премиерлигата се најде повторно во проблеми, не беше ниту на клупата за дуелот против Њукасл.

Сега беше повикан на репрезентацијата на Германија за Лигата на нации, настапи против Франција од клупата, но денеска го напушти хотелот и нема да игра во наредниот дуел.

На официјалниот Твитер профил на германската фудбалска репрезентација пишува дека Сане по разговор со Лев решил да замине од хотелот поради приватни причини.