Младински репрезентативец на Македонија на проба во Глазгов Ренџерс


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Младинскиот репрезентативец на Македонија, Миле Тодоров се наоѓа на проба во шкотскиот гигант, Глазгов Ренџерс.

Играчот од средниот ред веќе го одиграл и првиот натпревар за младиот тим на Ренџерс во натпревар против младинскиот тим на англиски Миделсбро.

Тодоров беше стандарден во првиот тим на Работнички, а потоа направи изненадувачки трансфер во хрватскиот тим Новиград кој се натпреваруваше во втората лига во Хрватска. Клубот потоа испадна во третата лига, па Тодоров многу веројатно ќе си замине од Новиград иако има договор до 2020 година.