Младинците на Јунајтед доживеаа дебакл од младинците на Сити


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Големото ривалство на екипите од Манечстер, Јунајтед и Сити, се однесува и на натпреварите на помладите тимови.

    Младите кадети, децата до 15 години, вчера го одиграа своето дерби, а Сити ги понижи „црвените ѓаволи“ со резултат од 9:0.

    Така, продолжи доминацијата на „граѓаните“ во младите категории. Претходно У18 победи, а и во дербито на првиот состав, тимот од „Етихад“ успеа да ги освои трите бода.

    Сите знаеме дека Јунајтед има навистина одлична академија која до сега има „произведено“ многу ѕвезди, но оваа сезона е загрижувачко тоа што децата од „Олд Трафорд“ доживеаа неколку тешки порази.