Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Многу работи ќе се сменат во Мото ГП од 2017-та година. Една од најголемите измени ќе биде Јаноне кој ќе вози за Сузуки.
Тој ќе го замени Вињалес, кој заминува во Јамаха, а тимскиот менаџер Давид Бривио верува дека Италијанецот ќе биде постојано на подиумот.
„Очекуваме многу од него. Сметаме дека е еден од најдобрите возачи. Тој е некој кој е подготвен да оди по патот кој следува и сигурни сме дека ќе победува. Ние ќе дадеме се од себе за да му дадеме конкурентен мотор.“
За тие што можеби не знаат, заедно со Јаноне ќе вози и Алекс Ринс бидејќи тимот одлучи да не го продолжи договорот со Алеиш Еспаргаро.