„Многу руски тренери не знаат да работат без допинг!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Заменикот на рускиот премиер Виталиј Мутко изјави дека суспензијата на атлетичарите од неговата земја и понатаму трае затоа што многу тренери се специјалисти во допинг.

Мутко изјави дека е направено мал напредок, но постојат проблеми со многу тренери.

„Имаше многу злоупотреби и кршење на кодескот, но направена е голема работа кога станува збор за реформите. Проблем е тоа што многу тренери воопшто не знаат да работат без допинг, па така мислам дека тие треба да одат во пензија.“

Ваквите коментари претставуваат промена во јавните настапи на Мутко, бидејќи тој досега ја критикуваше ИААФ и другите пресуди против Русија.