Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Репрезентативниот бек и член на Риека, Стефан Ристовски зад себе има фантастична сезона откако беше еден од главните играчи на хрватскиот шампион.
Ристовски беше моторот на тимот кој го освои шампионатот, а се закити и со титула во Купот на Хрватска, па затоа сосема заслужено на негова адреса стигнуваат доста понуди.
Речиси е сигурно дека репрезентативецот ќе ја менува средината ова лето, а нов клуб кој пројави интерес за него е италијанскиот Лацио.
Покрај Лацио за услугите на Ристовски заинтересирани се и неколку други клубови од најдобрите лиги во Европа како Реал Бетис, Феенорд и Спортинг Лисабон.