Многумина се откажаа, но не и Симеоне


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е оптимист кога се работи за пласманот во финалето во ЛШ.

Иако неговиот тим беше поразен со 3:0 на Сантијаго Бернабе во првиот натпревар во полуфиналето, Симеоне се надева дека сепак се не е готово.

„Тешко е, но тоа е фудбалот. Вакви работи се случуваат. Ќе одиме да се обидеме до крај, до последниот свиреж кој ќе означи крај на реванш натпреварот. Во фудбалот се може да се случи. Уште мислам дека имаме шанса да се пласираме во финале“, изјави Симеоне.