Модриќ си заминува од Реал, „десетката“ ќе добие нов сопственик


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ ова лето би можел да ги напушти редовите на Реал Мадрид.

Некои медиуми шпекулираат дека 33 годишниот Модриќ сака уште еден предизвик пред да стави крај на својата кариера. Оваа сезона Хрватот игра под просекот и е без никаков учинок во Ла Лига (13 натпревари, 0 голови и 0 асистенции).

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид би можел да го искористи одличниот играч за врска во преговорите околу Хари Кејн кого сакаат да го ангажираат следното лето. Наводно „кралевите“ се подготвени да му ја дадат „десетката“ на англискиот напаѓач кој блеска во дресот на Тотенхем.