„Мое е да му ја отежнам работата на Ѓоковиќ“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј изјави дека е задоволен што го победи Нишикори во второто коло на Мастерсот во Лондон и нагласи дека многу лесно можел да изгуби.

    Тој победи против Нишикори со 6:7, 6:4 и 6:4, а по таа средба изјави деак многу важна е неговата борба со Ѓоковиќ за првото место на АТП листата.

    „Јасно е дека е важно што победив. 200 бодови за секој натпревар се многу, а сите знаеме дека бројот на бодови се зголемува кога ќе поминете во полуфинале, а потенцијално и финале. Се тоа би требало да отиде до натпревар помеѓу мене и Ѓоковиќ. Кој знае што ќе се случи во наредните денови. Што се однесува до мене, треба да се концентрирам да победам во своите натпревари и да му ја отежнам работата на Ѓоковиќ.“

    Мареј изјави дека не би било незаслужено и Нишикори да победел во два сетови, бидејќи имал голем број шанси.

    „Важно е тоа што добро влегов во третиот сет. Сметам дека третиот гејм беше многу важен, баш тогаш направив брејк. Наредниот гејм беше многу долг и мислам дека тој имаше една или две брејк топки. Кога го освоив тој гејм, мислам дека тоа беше доволно за да го освојам натпреварот бидејќи водев со 5:1, а не претставуваше проблем ни тоа кога тој се врати на 5:4. Се бореше до крајот.“