Можеле да го купат Нејмар за десет милиони, но се откажале зашто мислеле дека не е талентиран!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од време на време се појавуваат интересни приказни, во кои некои клубови можеле да донесат некои од најголемите фудбалски ѕвезди, но од некоја причина не го направиле тоа.

Еден од таквите клубови е Локомотив Москва, чии скаути во 2008 година забележале еден Бразилец, тогаш 16-годишниот Нејмар. Русите сакале да го купат, но на крајот се откажале.

„Размислувавме дали вреди да го купиме. Сакавме да го купиме, го гледаа нашите скаути. Но се сомневавме во него. Прво беше премногу млад, а второ не знаевме дали може да се прилагоди во Русија“, открива претседателот на клубот.

Пет години подоцна напаѓачот стигна во Барселона за 88,2 милиони евра, а последното лето премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

Одличниот 26-годишен Нејмар досега одигра 435 натпревари во кариерата и постигна 268 голови.