Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Монако и официјално го отпуштија нивниот досегашен менаџер Леонардо Жардим по слабиот старт на сезоната.
Тренерот од Венецуела кој неколку години со успех го водеше Монако и кој пред две години стигна до титулата во Франција во конкуренција на супер богатиот ПСЖ си заминува од клубот по катастрофалниот старт на сезоната во кој клубот освои само шест бода од девет натпревари.
„Скај Спортс“ пренесува дека Тиери Анри е во напредни преговори со раководството на клубот за наследник на Леонардо Жардим. Анри се поврзуваше и со тренерската позиција во Астон Вила но на крај не седна на столчето на клубот од Бирмингем.