Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Вечерва се одигра реванш натпреварот во ЛШ помеѓу Монако и Дортмунд.
До првиот гол на натпреварот се чекаше 3-та минута кога Мбапе испрати една одбиена топка директно во голот и Монако го превзема водството.
Во 17-та минута Сахин имаше добра шанса од слободен удар, но ја погоди само десната статива.
Само 3 минути подоцна Фалкао ја испрати топката во голот и зголеми на 2:0. Голманот на Дортмунд овој пат немаше шанси.
До крајот на полувремето немаше посериозни шанси.
Во 48-та минута трошка надеж за Дортмунд донесе Ројс кој успеа да постигне гол за намалување на 2:1.
Во 65-та минута Фалкао имаше одлична шанса, но топката ја испрати над голот.
До конечниот распад на Дортмунд се чекаше 81-та минута кога Жермен постигна гол по центар-шутот на Лемар и зголеми на 3:1.