До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Севилја, Винченцо Монтела призна дека за него би било работа од соништата доколку еден ден биде селектор на Италија.
Монтела кој со Севилја успеа да го елиминира Манчестер Јунајтед од Лигата на Шампионите признава дека не е сигурен дали би останал во клубот доколку пристигне понуда од италијанската федерација.
„Да се биде селектор на Италија? За секој тренер е работа од соништата да го води својот национален тим. Не знам што би се случило доколку ми ја понудат позицијата. Во моментов се чувствувам добро во Севилја и имам уште една година од преостанатиот договор“- коментираше Монтела за „Раи Спорт“.
Винченцо Монтела по неуспешната авантура во Милан во декември пристигна во Севилја каде и не му оди баш најдобро во Ла Лига, но затоа во Лигата на шампионите го елиминираше тимот на Манчестер Јунајтед со што доби значителен број на „кредити“ во однос на водењето во шпанското првенство.















