Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, зад себе има лоша измината сезона, а промашуваше доста и на отворањето на оваа. Меѓутоа, се чини дека кризата е веќе минато бидејќи Мората на последните два меча во Премиер лигата постигна три погодоци.
Мората така стигна до бројката од пет погодоци во оваа сезона на англиското првенство, што не е ниту малку лошо кога предвид ќе се земе дека на теренот досега мина 606 минути.
Иако често е предмет на исмејување, статистиката вели дека Мората е поефикасен од фудбалерите за кои јавноста зборува дека се многу попочитувани во однос на Мората.
Мората просечно постигнува гол на 121 минута, што е статистика која ја немаат ѕвездите како Салах (пет погогодоци, 944 минути, 188 по гол), Лукаку (четири погодоци, 768/192), а особено Фирмино (два погодоци, 829/414).
Шанса да ја продолжи својата голгетерска низа, Мората ќе има веќе следниот викенд кога Челси во домашното првенство ќе биде домаќин на екипата на Евертон.