Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот прв човек на Интер, Масимо Морати, за италијанските медиуми изјави дека има многу убави спомени од времето кога Жозе Мурињо бил тренер на клубот, но потенцираше дека една ситуација засекогаш ќе му остане во сеќавањето.
Португалецот со Интер направи неверојатен успех кога во 2010 година ја освои Лигата на шампионите иако „Нероазурите“ ни од далеку не беа фаворити за тој трофеј.
Пандев, Ето, Милито, Станковиќ, Цезар, Занети и останатите предводени од Мурињо во таа 2010 година освоија се што може да се освои на клупски план, а Морати зборуваше за моментот кога Интер и официјално стана шампион во Серија А.
„Се сеќавам дека беше по натпреварот со Сиена кој го добивме со доста потешкотии и на крајот стигнавме до титулата. По натпреварот го барав Мурињо, но никој не знаеше каде се наоѓа. Како да пропадна во земја. На крајот случајно заминав до нашиот автобус и видов како Мурињо лежи на подот и плаче. Тука ги покажа сите свои емоции кои на теренот не можете да ги видите“- коментираше Морати.