До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Таткото на Јаја Туре смета дека неговиот тим треба да се извини на Пеп Гвардиола.
Туре е во немилост на тренерот Гвардиола и никако не игра во Манчестер Сити од доаѓањето на Шпанецот.
Пеп бара извинување од Туре, а таткото на 33-годишниот фудбалер смета дека тоа треба и да се случи.
„Загрижен сум поради него. Тоа е проблем. Јаја мора да се извини на Пеп, сепак тој е главен. Јаја е заљубен во клубот, добар играч и го има потребниот борбен дух. Мислам дека ќе остане. Паметен е“, рече таткото на Туре.















